strumica denes logo

Откупната цена на ајварката ќе биде околу 50 денари!

Автор:

Датум:

август 29, 2023

Автор:

Датум:

август 29, 2023

Проценка на земјоделците е дека откупната цена на индустриската пиперка, која се користи за подготовка на ајвар, ќе биде околу 50 денари.

Во пресрет на периодот кога, по традиција, во Македонија се подготвува зимница, проценка на земјоделците е дека откупната цена на индустриската пиперка, која се користи за подготовка на ајвар, ќе биде околу 50 денари. Земјоделците посочуваат дека овој износ ќе биде поголем во малопродажбата и ќе зависи од висината на маржата што ќе ја определат трговците.

Производителите на градинарските култури засега не очекуваат промена на цените на доматите, пиперките и краставиците, кои сега се продаваат за суми од 70 до 100 денари, но, сепак, оставаат простор за евентуални измени.

Производителите на раноградинарски култури, како и на пченица и на јачмен произведени под контролирани услови, деновиве добија три нови мерки за поддршка. Како што посочуваат, на овој начин се надоместува разликата помеѓу производната и продажната цена за периодот кога беше актуелна владината мерка за замрзнување на цените на овошјето и на зеленчукот.https://www.vecer.press/