Министерството за одбрана во следните четири години ќе плати 230 милиони евра за осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо Хеликоптерс“.
Министерката за одбрана Петровска рече дека нема да има дополнителни трошоци и дека цената за 8 хеликотери, додатна опрема и изградба на хангар за воздухопловите е фиксна.
Оваа година, според договорот, Македонија ќе треба да исплати 16 отсто од сумата, а првиот треба да пристигне во втората половина на 2026-та година.
Во конкуренција биле и компании од САД, Канада и германско-француски конзорциум, но италијанскиот производител ги исполнил условите кои ги барала македонската армија.
Ќе биде објавен и оглас за пилоти не постари од 28 години, кои треба да бидат обучени за управување со овие летала.