strumica denes logo

ОСМИ МОТО СОБИР ВО ЧЕСТ НА ДЕАН СУЗУКИ – ОВОЈПАТ СО ХУМАНИТАРЕН КАРАКТЕР!

Автор:

Датум:

ноември 16, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 16, 2018

Категории:

Струмица

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во недела (02..12.2018) со почеток од 14:00 часот, ќе се одржи осмиот мото собир во чест на Деан Сузуки, момчето кое пред осум години го загуби својот својот живот…По тој повод, организаторката воедно и негова сестра Диана Сузуки нагласува дека сите бајкери се поканети и дек овој настан како и секоја година ќе се одржи мирно,чесно и достоинствено во присуство на СВР-Струмица. Маршутата ќе започне од Разнопромет се до местото каде трагично и прерано го загуби својот живот Деан Сузуки. Потоа ќе се посети вечниот дом во Василево и сите присутни ќе се упатат кон настанот во Вила Парк каде бајќерите ќе ја упатат својата поддршка на децата со Даунов Синдром. На истиот настан ќе бидат присутни Мото клубот CUSTOM CHOPPERS-Струмица, TZAR TOWER RIDERS, MC POTFAT, Мото клуб Штип. Тимот на Струмица Денес како и секоја година, така и оваа ќе го проследи овој настан со големо внимание.

ж