„Постои опасност * Македонија да се најде во групата на земји од Западниот Балкан со отворени прашања, што би ја успорило нејзината интеграција во ЕУ. Неразумната политика на опозицијата може да придонесе за вакво нешто.“ – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во 21 Анализа на ТВ 21.
ТВ 21 ги пренесува неговите покарактеристични ставови: „Не може ЕУ да ѝ даде порака на Украина, без да упати порака кон Западниот Балкан, затоа што ќе ја загуби доверливоста. Регионот ќе се дели на две групи: земји со отворени прашања, кои не можат формално да добијат шанса за брза лента, и земји кои може да добијат таква шанса. * Македонија, Албанија и Црна Гора засега се во втората група. БиХ, Србија и Косово се во првата група, поради отворените прашања, и тие не може да добијат шанса. Наредните месеци може да преминеме во групата на земјите со отворени прашања.“
Османи додава: „Тогаш оние експерти, кои велат дека ние сме го билатерализирале процесот, ќе сфатат што е билатерализација. ЕУ ќе ни каже да го решиме прашањето со Бугарија како што Србија ќе го реши Косово, или Косово со Србија, или БиХ со Република Српска… Така ќе влеземе во таа група. Е, таа услуга и ја прави на државата оваа неразумна политика на опозицијата. Додека имаме шанси следните месеци да влеземе во оваа брза патека со Албанија и со Црна Гора.“ – рече Османи.