strumica denes logo

ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ПО ТРЕТПАТ ОБЕЗБЕДУВА ПАРИЧНА ПОДДРШКА ОД 2.500 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ

Автор:

Датум:

јули 10, 2025

Автор:

Датум:

јули 10, 2025

Општина Василево и оваа година продолжува со грижата за најмладите жители и нивните семејства. По трет пат, локалната самоуправа обезбедува еднократна парична помош од 2.500 денари за секое дете што во учебната 2025/2026 година ќе го започне првото одделение.

Како што информираат од Општината, оваа мерка има за цел да им помогне на родителите во екот на континуираните поскапувања, особено оние кои се однесуваат на набавка на училишен прибор и други неопходни средства за почеток на учебната година.

„Се грижиме за младите семејства и преземаме конкретни мерки кои ги стимулираат најмладите. Првиот училишен ден треба да биде ден на радост и гордост, а не ден обременет со финансиски грижи. Токму затоа одлучивме да го поддржиме секое прваче во нашата општина“, велат од локалната самоуправа.

Родителите или старателите кои сакаат да ја искористат оваа финансиска помош треба да се пријават најдоцна до 30 септември 2025 година.

Од Општина Василево посочуваат дека ова е само една од многуте мерки кои се реализираат со домаќинско и одговорно управување, со јасна визија за иднината.

„Влогот во децата е влог во иднината на Република Македонија“, истакнуваат од Општината, додавајќи дека оваа поддршка не е само финансиска, туку и симболична потврда дека заедницата стои зад секое дете кое прави чекор напред во образовниот систем.