strumica denes logo

ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ГИ ВКЛУЧУВА ГРАЃАНИТЕ ВО КРЕИРАЊЕТО НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА!

Автор:

Датум:

ноември 1, 2025

Автор:

Датум:

ноември 1, 2025

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, ги повика граѓаните активно да се вклучат во процесот на креирање на буџетот за 2026 година. Со ова, како што истакна, локалната самоуправа ја продолжува праксата на чесно, одговорно и транспарентно управување, каде секој граѓанин има можност да придонесе со свој предлог и идеја за подобра иднина на општината.

„Вашето мислење, вашиот предлог и вашата идеја се најважниот дел во развојот на нашата општина,“ порача Андонов, потенцирајќи дека заедничкото креирање на буџетот е најдобриот начин да се изградат политики што одговараат на реалните потреби на жителите.

Граѓаните можат да ги достават своите предлози до 5 декември 2025 година, лично во просториите на општината или онлајн преку електронска форма достапна на официјалната веб-страница на Општина Василево.

Со овој повик, општината ја потврдува својата заложба за отворено управување и градење на транспарентна, модерна и поубава Василево.