Општина Струмица објави Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Посветена општина – среќни граѓани” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Струмица.
Работните позиции кои се опфатени со овој повик се однесуваат на ангажирање на образовен и лични асистенти на ученик со попреченост вклучен во редовен образовен процес во средно образование и неговател/негователка во „Клуб на семејства со деца и лица со Даунов синдром”.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица.
Дополнителни информации може да се најдат на општинската веб страница каде што е објавен Јавниот повик кој е отворен до 18 август.