strumica denes logo

ОПШТИНА СТРУМИЦА ИЗВЕСТУВА ДЕКА ЌЕ ИМА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦИ ВО ГРАДОТ – ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА И КОИ СЕ!

Автор:

Датум:

мај 16, 2024

Автор:

Датум:

мај 16, 2024

ИЗВЕСТУВАЊЕ за градежни активности на неколку улици во градот!

Почитувани граѓани, ве известуваме дека во следните 4 денови ќе се поставува втор слој асфалт на следните улици:

-Петок, 17.05.2024 на улица „Братство Единство“ на потегот од улицата „24-ти Октомври“ до булеварот „Климент Охридски“
-Сабота, 18.05.2024 на делови од улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“
-Недела, 19.05.2024 на крстосницата на булеварите „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“
-Понеделник, 20.05.2024 на кружниот тек кај ЕВН

Поради изведувањето на овие градежни активности сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови и ве молиме за разбирање и поддршка.