Општина Струмица ќе доделува еднократна парична помош од 2.000 денари за секое дете запишано во прво одделение за прв пат во учебната 2025/2026 година. Правото на помош го остваруваат семејствата чии родители имаат постојано живеалиште на подрачјето на општина Струмица.
Барањата за остварување на оваа парична помош се поднесуваат до Градоначалникот на општина Струмица во периодот од 16 мај до 30 септември 2025 година. Заедно со барањето, потребно е да се достават и документи, кои се наведени на официјалната веб-страница на Општина Струмица.
Градоначалникот Костадин Костадинов изјави:
„Децата се моја радост, моја гордост, иднина на нашата Струмица и секогаш ќе ја имаат мојата поддршка.“