ОПШТИНА СТРУМИЦА СО ОДГОВОР: СТАЦИОНАРОТ ЗА БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ ВО СТРУМИЦА Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА!

април 20, 2019

Здруженијата на љубители и заштита на животни во Струмица како и повеќе граѓани од општина Струмица, деновиве во порака до нашата редакција испраќаат фотографии од измачувања врз животните и револтирано реагираат пишувајќи дека надлежните не презимаат никакви мерки за заштита на животните. Исто така се отвара дискусија и се наметнува прашањето што стана со изградба на стационарот за бездомни животни. Редакцијата на Струмица Денес испрати прашање до Општина Струмица во кој наведовме дека ни се потребни информации по барање на нашите читатели до каде е изградбата на стационарот.

Одговор на прашање за изградбата на Стационарот за бездомни животни

Почитувани, Изградбата на Стационарот за бездомни животни во атарот на селото Сачево по најсовремени стандарди и согласно законските прописи за заштита и благосостојба на животните, се одвива според планираната динамика. Објектот е во завршна фаза, тендерската постапка за набавка на дветевозила за заловување на животните исто така, а во тек се подготовките за тендерската процедура за набавка на целокупната опрема за функционирање на Стационарот. Кога започна да се гради Стационарот за бездомни животни (03.10.2018 година), беше најавено дека тој ќе биде завршен до крајот на месец мај и досега се се одвива според планирана динамика.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ