strumica denes logo

ОПШТИНА СТРУМИЦА СО ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОТАЦИЈА ЗА ТРЕНЕРИ ВО СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ!

Автор:

Датум:

јануари 30, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јануари 30, 2019

Категории:

Струмица

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10 и 1/15), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за дотација за тренери во спортските клубови

Со овој Јавен Повик за предвидува финансиска поддршка за 10 (десет) тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Струмица. Финансиската поддршка трае до крајот на тековната 2019-та година, односно 10 месеци.

Финансиската подршка е обезбедена во рамките на Буџетот на општина Струмица за 2019 година, во програмата за спорт (L0).
Право на учество имаат спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство), и тоа:

– Фудбал: Прва, втора, трета лига и младински категории*
– Кошарка: Прва, Втора лига и младински категории*
– Одбојка: Прва лига и младински категории*
– Ракомет: Прва, втора лига и младински категории*
– Останати спортови: Прва лига, втора лига, младински категории*

* Кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

За спортските здруженија и други правни лица:

  1. Клубот да е формиран на територијата на Општина Струмица (клубот доставува тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија)
  2. Решение за вршење на дејност спорт од Агенција за млади и спорт
  3. Потврда од соодветната федерација или сојуз за докажување на рангот на натпреварување. (1ва, 2-ра лига, младинска лига и тн)

За тренерите во спортските здруженија и други правни лица:

1. Тренерот кој аплицира да е невработен
(потврда од АВРМ дека не е во работен однос)
2. Фотокопија од лична карта
3. Потврда за завршено образование
4. Приложена лиценца за работа од соодветната федерација (доколку ја има)
4. CV – Биографија

Рок и начин на доставување на пријавите

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 12.02.2018 година (Вторник) до 16 часот. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:

Општина Струмица
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица

На пликот треба да стои ИМЕ И ПРЕЗИМЕ / КЛУБ „НЕ ОТВАРАЈ“ со назнака за LО (СПОРТ – ТРЕНЕР)

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
ОПШТИНА СТРУМИЦА ГРАДОНАЧАЛНИК КОСТА ЈАНЕВСКИ