ОПШТИНА СТРУМИЦА СО ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ВО НАШИОТ ГРАД ИЗМИНАТИВЕ ДВА ДЕНА!

јануари 27, 2020

Известување за надминување на праг за Информирање на граѓаните на Општина Струмица за наредните денови

Во врска со настанатата состојба со загадувањето на воздухот во агломерација на град Струмица, надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (2 последователни дена на 25.01.2020 и 26.01.2020 ) Ве известуваме дека е потребно информирање на граѓаните согласно Акциониот план за подобрување на воздухот со објавање на текстот на овој допис на Web страната на општина Струмица и поставување на постојан линк со Мерната станица во Струмица на http://air.moepp.gov.mk/

Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирањена ден 27.01.2020 година , Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр 183 од 14.12.2017 година) и во согласност со Заклучокот од 108 седница на Владата на РМ одржана на 25.12.2012, во случај на надминување на концентрацијата на PM10 честичките во воздухот во која е дефиниран прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 , ако среднодневната концентрацијата на PM10 е над прагот во текот на два последователни денови со среднодневни концентрации над 100 µg/m3 или 5 (пет) дена последователно со среднодневни концентрации над 50 µg/m3 и добиената прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.

(Стабилна временска состојба е состојба на атмосферата која се создава при подолготрајно присуство на поле на висок воздушен притисок (антициклон) над подрачје , особено во зимскиот дел од годината , која се карактеризира со многу слаби хоризонтални и вертикални струења што предизвикува појава на температурна инверзија по котлините , состојба при која студениот воздух се задржува и мирува во приземниот слој на атмосферата) .

Во овој случај на Стабилна Временска состојба и надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 последователни дена на 25.01.2020 и 26.01.2020) со среднодневни концентрации над 100 µg/m3) градоначалникот на Општина Струмица ги објавува следниве препораки:

-Да се користи јавен превоз со мотори на плин ( такси автомобили, такси комбиња), користење на јавен превоз кога станува збор за локаните населени места,

– Приватните возилата да не се користат без поголема потреба

– Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време

– Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контолата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила .

– Да не се користи како огревно средство за затоплување на простории: прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал ,

– Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци

– Печките за дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и редовно да се чистат оџаците .

– Да се користат печките на пелети бидејки имаат повисока ефикасност на согорување во споредба со дрвата.

– Пелетите да бидат квалитетни, направени само од необработено дрво и без остатоци од каква било обработка (лепило, растворувачи, бои и лакови)

– Ефикасното грејно тело го загрева домот, заштедува гориво и пари и ги намалува емисиите во атмосферата

– На децата, старите лица , хронично болните од белодробни и срцеви заболувања , но и за лицата кои работат на отворен простор им се препорачува ограничено движење и активности на отворен простор.

– Носење на филтер маски за дишење,

-Редовно чистење на улиците и пешачките површини во градот од страна на ЈПКД Комуналец.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: