ОПШТИНА СТРУМИЦА СО ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОБЈАВЕНАТА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВИСИНАТА НА ПОТРОШЕНИТЕ СРЕДСТВА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА!

декември 14, 2019

Од општина Струмица до портал Струмица Денес денеска беше доставено соопштение во кое Општината го надополнува истражувањето на СКУП. Имено, деновиве СКУП објавија вест во која наведоа дека според нивното истражување, општина Струмица за три години потрошила 230.000 илјади евра за репрезентација. Во продолжение погледнете го во целост надополнувањето на нашата Општина:

Почитувани,

Во врска со Истражувањето на СКУП, за трошоците на Општина Струмица за репрезентација, чуствуваме обврска и потреба да ги дополниме објавените информации со цел целосно и правилно информирање на јавноста.

Имено, oбјавената информација за висината на потрошени средства за репрезентација е резултат на синтетичкото сметководство на Општина Струмица и вклучува трошоци за храна, пијалоци, превоз, хотелско сместување, изнајмување на сали, опрема, печатарски услуги, обезбедување, хонорари и надоместоци за ангажирани лица, за следните настани и активности:

– организација на културни манифестации (Струмички карневал, Струмица опен фестивал, Меѓународна Струмичка ликовна колонија, Фестивал за камерен тетар Ристо Шишков, Тримерски обичаи);

– одбележување на годишнини на значајни настани и личности;

– поддршка на настани од јавен интерес на здруженија на граѓани и културни работници;

– поддршка на настани на спортски клубови и спортски манифестации;

– одржување на семинари, работилници и активности на општинската администрација;

– подготовка на промотивни материјали за Струмица;

– печатење на книги на струмички автори;

– подароци на службени лица и меѓународни организации;

– службени трошоци на Градоначалникот и Советот на општина Струмица.

Во функција на транспарентното работење, Ве информирамe дека вкупните трошоци за репрезентација на Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски за 2 години и 2 месеци изнесуваат 49.720 денари.

Пред помалку од еден месец Општина Струмица беше прогласена за најотворената и најотчетна општина во нашата држава. Во таа насока сме отворени за презентација и информирање на јавноста за аналитичките трошоци направени за секоја културна манифестација, настан, активност и директните трошоци за репрезентација според нивниот вид, карактеристики и евиденција.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ