ОПШТИНА СТРУМИЦА: ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТ СЕ РЕАЛИЗИРААТ, СЕ АСФАЛТИРААТ ПОВЕЌЕ УЛИЦИ НИЗ СТРУМИЦА!

март 23, 2019

Општина Струмица на повеќе локации во градот ги реализира планираните активности согласно Програмите за оваа година. Минатата недела се изврши пробивање со тампонирање на улица број 11 во зона Север со должина од 125 метри, а во моментот во истата зона се асфалтира улица број 1 (Агроберза) во должина од 302 метра. Се бетонираше и крак од улицата „Плачковица“ до влезот во резервоарот во должина од 75 метри и се бетонираше дел од улицата „Пиринска“ во должина од околу 50 метри. Во моментот се работи и во населеното место Добрејци каде што продолжија подготвителните активности за асфалтирање на улица со втор слој асфалт.
Паралелно со овие зафати се работи на подобрување на тротоарите на две улици во градот. Заврши реконструкцијата на тротоарот од двете страни на улицата „Димитар Влахов“ во должина од околу 140 метри, а во моментот се работи на реконструкција на тротоар на улицата „Младинска“ во должина од околу 160 метри.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ