Home

Perdormire
Струмица

ОПШТИНА СТРУМИЦА ОРГАНИЗИРАШЕ СВЕЧЕНОСТ НА СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ПО ПОВОД 78 ГОДИНИ ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ГРАДОТ!

Home

Денес нашата Струмица слави 78 години од своето ослободување. По тој повод општина Струмица организираше пригодна свеченост на Спомен костурницата на паднатите борци, а за значењето на овој голем ден, зборуваше Дениза Стамболиева член на Советот на општина Струмица.

-Седумдесет и осум години слободна Струмица се 78 години непречен развој, тоа се 78 години безрезервна љубов помеѓу слободниот град и неговите слободни чеда. Денес треба и мора да бидеме горди на празникот што го празнуваме, на слободата што ја славиме, на градот во кој битисуваме. Слободата треба катадневно да ја живееме и да ја чуваме, а градот треба да го надградуваме онака како што доликува и по мерка на сите оние кои живеат во него. И за едното и за другото потребно е љубов, обединетост, разбирање и многу, многу заеднички труд. Зошто? Затоа што оваа наша Струмица подеднакво ни припаѓа на сите, рече Стамболиева.