Денес нашата Струмица слави 78 години од своето ослободување. По тој повод општина Струмица организираше пригодна свеченост на Спомен костурницата на паднатите борци, а за значењето на овој голем ден, зборуваше Дениза Стамболиева член на Советот на општина Струмица.
-Седумдесет и осум години слободна Струмица се 78 години непречен развој, тоа се 78 години безрезервна љубов помеѓу слободниот град и неговите слободни чеда. Денес треба и мора да бидеме горди на празникот што го празнуваме, на слободата што ја славиме, на градот во кој битисуваме. Слободата треба катадневно да ја живееме и да ја чуваме, а градот треба да го надградуваме онака како што доликува и по мерка на сите оние кои живеат во него. И за едното и за другото потребно е љубов, обединетост, разбирање и многу, многу заеднички труд. Зошто? Затоа што оваа наша Струмица подеднакво ни припаѓа на сите, рече Стамболиева.