Градоначалникот Костадин Костадинов денеска одржа средба со жени претприемачки подготвени да бидат дел од Советот за којшто ќе го формира општина Струмица.
На средбата разговараа за нивните претприемнички приказни, искуствата и нивниот ентузијазам да ги споделат и поттикнат жените коишто сакаат да започнат свој бизнис.
Градоначалникот Костадинов им ја даде поддршката бидејќи родовата еднаквост во економскиот развој на Струмица е негово изборно ветување и приоритет во неговиот градоначалнички мандат.
Советот има за цел да креира програми и создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачи, но и да креира стимулативни програми за започнување на нови бизниси за жените, нивно вмрежување и промоција на пазари.