strumica denes logo

ОПШТИНА СТРУМИЦА Е НАЈОТВОРЕНА ОПШТИНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

декември 2, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 2, 2019

Категории:

Струмица

Струмица е најотворена општина во Република Македонија со 52% на исполнување на индикаторите на отвореност – пристапност, ефикасност, интегритет и транспарентност. Просечната оцена на локалната власт на Република Македонија за исполнување на стандардите на отвореност изнесува 25%.

Ова го покажале резултатите од истражувањето спроведено од декември 2018 до крајот на март 2019 година од страна на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО „ACTION SEE“ на локалната самоуправа во регионот на Западен Балкан.

Добрите практики на општина Струмица ги презентираше секретарот Александар Оџаков на регионалната конференција е – Општество: Отворени институции и отчетност, која што се одржа во Скопје.

-Струмица е отворена општина, затоа што граѓаните се нејзиниот приоритет. Колку сме поотворени, толку е поголема нивната доверба и поддршка, но и партиципативното учество во креирањето на локалните политики. Токму поради ова во континуитет работиме на ослободување на што поголем број податоци и информации, најчесто на тие за кои што граѓаните покажуваат најголем интерес, но се разбира и на оние кои што ни се законска обврска како на локална власт, рече Оџаков.