Д-р Коста Јаневски:
Почитувани граѓани,
📣Сакам со Вас, денеска, да споделам една убава вест.
🏩Општата болница во Струмица е гасифицирана‼️
✅Јавното претпријатие за енергетска дејност „Струмица гас“ го заврши целиот процес којшто опфаќаше изградба на нова котлара, поставување на потребната опрема и приклучување на гасоводната мрежа. Во тек е пробната работа во која ќе бидат извршени сите потребни интервенции, по што до крајот на неделата и официјално Општата болница целосно ќе се затоплува со природен гас.
✅Тоа е општинскиот влог во оваа инвестиција која изнесува 6.900.000 денари, 5 милиони денари обезбеди Генералниот секретаријат на Владата и 1.900.000 денари Министерството за здравство.
✅Болницата, неколку години наназад беше посочувана како еден од загадувачите во нашата Општина бидејќи затоплувањето се вршеше со нафта. Со гасификацијата го подобруваме квалитетот на амбиенталниот воздух во градот.