ОПШТА БОЛНИЦА СТРУМИЦА ДОБИ АПАРАТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА!

април 23, 2018

Четири здравствени установи во земјава добија донација од медицински апарати од Жито Лукс. На детските оддели во Општата болница – Охрид, Клиничката болница д-р Трифун Пановски во Битола, Општата болница – Струмица и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје, се доставени апаратите за лекување на белодробни заболувања кај децата. Преку кампањата „Подарено од срце“ со секој купен леб на парчиња од Жито Лукс се одвојуваа средства наменети за набавка на медицинската опрема која ќе помогне за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ