Околу 180 евра ќе чини промената на комплетните документи со „Северна“

август 3, 2023

Сите валидни лични документи на кои стои старото име „Република Македонија“ нема да важат по рокот до 12 февруари 2024 година, според Преспанскиот договор.

На 13 февруари 2024 година нема да можете да преминете надвор од државните граници со валиден пасош на кој стои старото име „Република Македонија“, односно, од тој датум, станува невалиден. Исто така, ако ве запре полиција со возило ќе ви напише казна ако вашата возачката дозвола не е со името „Република Северна Македонија.“ Неважечки ќе бидат и личните карти. Ниту една институција нема да ги прифаќа како важечки документ.

Граѓаните несомнено, оваа обврска за промена на личните документи ја одложуваат за понатака, па така се наметнува и прашањето дали ќе настане хаос токму кога сите ќе тргнат да ја завршат обврската, која како што велат им е наметната и носи дополнителни трошоци.

Колку ќе ве чини сета оваа промена на личните документи?

Промената на сите документи за едно четиричлено семејство со двајца возрасни и две малолетни деца ќе чини околу 180 евра.

Освен пасош, со новите цени, треба да дадат по 310 денари за лична карта, 520 денари за една возачка дозвола, 250 за сообраќајна дозвола и 1.250 денари за промена на таблички за еден автомобил. Цените на пасошите за деца останаа исти 1600 денари, а за деца од 4 до 18 години 1700 денари. Возачка дозвола по итна постапка изнесува 1.230 денари што е зголемување за 390 денари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ