ОК Струмица доби нов генерален спонзор во името на Групацијата НИКОБ!

септември 16, 2022

Македонскиот шампион во одбојка, ОК Струмица доби нов генерален спонзор во името на Групацијата НИКОБ.

На наменска прес-конференција беше обелоденета соработката, со која струмичани ќе станат само посилни и посилни.

„Имавме чест да потпишеме Меморандум за соработка и договор за спонзорство со најтрофејниот македонски клуб во одбојка, ОК Струмица Никоб. Овој клуб е гордоста на Струмица и на Македонија и ќе направиме што е во рамките на нашите можности како генерални спонзори да му помогнеме на клубот да ги добие сите услови за да може да се натпреварува во Лигата на шампионите“, изјави сопственикот на НИКОБ Групацијата, Кирил Лазаров.

Како што информираше Лазаров, спонзорот го помогна клубот да биде домаќин на врвен меѓународен турнир во Струмица, во кој клубот заврши со многу добар скор и ја поткова формата за Лигата на шампионите.

Струмица Никоб сезонава се засили со Русите Александар Злобин, Максим Михаилов и Алексеј Лободин, Колумбиецот Јоан Јараба и Канаѓанецот со македонски корени Деан Глобочки.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ