ОФИЦИЈАЛНО: Тестенините поевтинуваат за 15 проценти, млечните производи за 10 отсто!

март 10, 2023

Одлука да се замрзнат цените на тестенините и на млечните производи со што тие ќе се намалат за 15 односно 10 отсто донесе Владата, информира на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски. Оваа одлука ќе се применува од 17 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

– Се замрзнува односно намалува цената на тестенините кое намалување се предлага да биде за 15 проценти на цената која се применува во трговијата на мало на 1 март 2023 односно во просек за околу 8 до 9 денари. Се работи за тестенини односно макарони и шпагети. Исто така, се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие производи за период од 13 март 2023 до 31 мај 2023, рече Ковачевски.

Тој додаде дека за 10 отсто ќе се намали и цената на белото сирење, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. Цените на млечните производи, според владината одлука, се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година

-Се замрзнуваат и цените на млечните производи и тоа трајното кравјо млеко со масленост од 2,8 отсто, 3,2 отсто и 3,5 отсто; урдата; кравјото бело сирење и мешаното бело сирење; кравји кашкавал – со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан; киселото млеко; павлаката и јогуртот без додатоци. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година во трговијата на мало кои цени се намалуваат за 10 проценти, објасни премиерот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ