Одржан Ден на безбедноста и здравјето при работа во компанијата „Винербергер“

октомври 20, 2023

Под мотото „Никогаш не ги заобиколувај правилата и процедурите за безбедно вршење на работните задачи“ компанијата „Винербергер“ од Виница организираше Ден посветен на безбедноста и здравјето при работа за своите вработени.

На 18 октомври, во фабриката на „Винербергер“ во Виница, по вторпат беше одржан Денот на безбедноста и здравјето при работа. Целта на настанот беше преку презентации, игри и забава да се подигне свеста на вработените дека безбедноста и здравјето при работа се и мора да останат на прво место.

Сите вработени во компанијата, учествуваа во разни сегменти од програмата. Настанот започна со вежбата за евакуација при симулиран пожар и реакција од страна на противпожарната единица во Виница, а продолжи со презентации за безбедноста и здравјето при работа, ракувањето со машини, санација на повреди и укажување на прва помош. Интересен дел беше уредот за симулација на алкохолизирана состојба, преку кој секој од вработените можеше да тестира како се губи контрола при употреба на алкохол и да се извлече соодветна поука.

Вработените се најголемиот капитал во нашата компанија и затоа „Винербергер“ постојано инвестира во нив и се грижи за нивната безбедност и здравје при работата. Таа грижа трае 365 дена во годината, а овој ден е уште една, видлива потврда за тоа. Сакајќи да ја подигнеме свеста на повисоко ниво во однос на оваа тема, на настанот ги поттикнавме сите вработени да размислуваатза БЗР и постојано да даваат сугестии за подобрување на условите за работа, со цел да се избегнат постоечки опасности и ризици, вели Искра Спасовска, Директор на Производство и Член на Одбор на директори.

На настанот беа споделени и визијата и вредностите на компанијата на групациско ниво, како четири главни столба на стабилноста на „Винербергер“: доверба, почит, страст и креативност. Преку игри во тимови за секоја од вредностите, вработените имаа можност низ забава да применат некоја од овие вредности итимски да се поврзат едни со други.

Компанијата продолжува со својата визија да се грижи за подобро утре и посветено да нуди иновативни градежни решенија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ