ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: ГРАНТ ОД СТО ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ЗА РЕВИТАЛИЗИРАЊЕ И КОНЗЕРВИРАЊЕ НА МАНАСТИОТ ВО ВЕЉУСА!

септември 27, 2019

Амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Мари Брнз и министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска, го потпишаа Договорот за користење на грантот со кој ќе се ревитализира и конзервира манастирот „Света Богородица Елеуса“ во населеното место Вељуса. На потпишувањето во дворот на манастирот присуствуваше и градоначалникот, Коста Јаневски. Грантот е во висина од сто илјади долари обезбеден од постојаната програма на Стејт Департментот на САД, познат како Амбасадорски фонд за културна заштита и во наредните две години со овие средства треба да се изврши реставрација и зачувување на црквата и нејзините фрески.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ