strumica denes logo

ОДЛИЧНА ВЕСТ: МИЦКОСКИ НАЈАВИ 2.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА – ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ ДЕЛОВИ ЗА ГИГАНТОТ „АУДИ“

Автор:

Датум:

октомври 15, 2026

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 15, 2026

Категории:

Струмица

Денес ќе соопштиме уште една голема и значајна вест за македонската економија – нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места и производство на делови за германскиот автомобилски гигант „Ауди“. Ова го напиша на социјалната мрежа Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

– Ова е важна вест за нашата економија, но уште поважна за граѓаните, бидејќи зад секое ново работно место стои нова можност, поголема сигурност за семејствата, нова надеж и подобар живот. Ова е нашата програма, ова се нашите цели и вака ја градиме иднината. Со работа, инвестиции и конкретни резултати. Додека ние отвораме нови работни места и создаваме можности, програмата на опозицијата, наместо со проекти и решенија, е исполнета со деструкција, лаги и политички опструкции, напиша Мицкоски.

Во постот Мицкоски додава дека разликата постои и секој ден станува сè повидлива.

– Ние продолжуваме да се бориме за секое работно место, за подобар живот и за нашата заедничка иднина!, вели тој.