strumica denes logo

ОДГОВОРНОСТ ОВОЈПАТ МОРА ДА ИМА – 15 ЛИЦА СЕ ПРИВЕДЕНИ!

Автор:

Датум:

март 16, 2025

Автор:

Датум:

март 16, 2025

Осомничени се 20 лица, околу 15 лица се во полициска станица, информираше министерот Панче Тошковски за време на прес конференцијата пред полициската станица во Кочани, во врска со трагичниот настан во кој животот го загубија 59 лица за време на пожар во дискотека.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Дел од сомничените за предизвикување на овој настан се починати, дел се во болница. Четири лица се обезбедени во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, менаџер на дискотеката… Дел од приведените лица се луѓе кои имаат директна вина во врска со овој настан согласно доказите, приведено е едно лице кое што е организатор на настанот, и за кое што имаме сомнение дека е еден од оние кои имаат директна вина во рамки на кривични дела поврзани со овој настан, приведени се поранешен државен секретар во министерството за економија, поранешен и сегашен раководител на еден сектор во Министерство за економија, приведен поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во Дирекцијата, дел биле вклучени во рамки на обезбедување, активности, организирање на настанот. Разговор во МВР е извршен со над 25 лица, очевидци, и ќе продолжиме континуирано да истражуваме“, информираше министерот Тошковски.

Оваа лиценца како и многу други во миинатото се повразани со мито и корупција, но разликата во овој случај е што сега вината има име и презиме, порача Тошковски.