Од вечерва започнува одржувањето на Собирите на граѓаните во урбаните и месните заедници

ноември 12, 2018

На иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски, од вечерва започнуваат Собирите на граѓаните во урбаните и месните заедници на општина Струмица. Целта на овие Собири е граѓаните да иницираат предлози за реализација на проекти со средства од буџетот за 2019 година со што активно ќе се вклучат во креирањето на општинските политики, а кои ќе значат подобрување на условите за живот во градот и населените места.

Вечерва со почеток во 19 часот во големата сала на домот на АРМ ќе се одржи Собир со граѓаните од I, III, IV и V урбана заедница, а еден час подоцна, односно, во 20 часот ќе се одржи Собир со граѓаните од II, VI, VII и VIII урбана заедница. Според утврдениот план, на 14 ноември ќе се одржат Собирите со граѓаните на Вељуса, Водоча и Баница со почеток во 18, 19 и 20 часот во просториите на училиштата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ