Викендот пред нас ќе донесе типично зимско време, со променлива облачност, локални врнежи и осетно заладување, информираат метеоролозите.
Во сабота, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи. На планините и повисоките места ќе има снег, додека во пониските делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од земјата, каде се очекува дополнително зголемување на снежната покривка.
Во недела, времето ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и засилен северен ветер, со брзина над 60 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од -5 до 2 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од -2 до 7 степени Целзиусови. На одделни места, дневната температура може да остане под нула.
И во понеделник ќе продолжи студеното време со засилен северен ветер и повремени локални снежни врнежи. Од вторник се очекува стабилизација на времето, со сув и постуден период.

























