strumica denes logo

Од снегот се расчистуваат и локалните патишта и улици во повеќе населени места

Автор:

Датум:

јануари 9, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јануари 9, 2019

Категории:

Струмица

Покрај зимската служба на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, општина Струмица ангажираше и дополнителни компании за расчистување на снегот на локалните патишта и улици во повеќе населени места. Во моментов се работи на покритичните патни правци: Муртино – Банско – Габрово, Куклиш – Свидовица, Добрејци – Просениково – индустриска зона Север, Раборци – Попчево – Рич, Баница – Водоча – Вељуса, Костурино – Дорломбос – Мемешли. Во зависност од снежните врнежи и потребите, ќе се интервенира и во останатите населени места.