strumica denes logo

ОД СДСМ ВЕЛАТ ДЕКА НАД 70% ОД ГРАЃАНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕ ЗА ЕУ!

Автор:

Датум:

септември 18, 2023

Автор:

Датум:

септември 18, 2023

Два концепти во земјава се кристално јасни, ДПМНЕ е за изолација, а СДСМ за членство во ЕУ, порачуваат од партијата на власт преку соопштение.

Од СДСМ истакнуваат дека партијата посветено работи на продолжување на европскиот пат на државата, при што се нагласува дека членството во ЕУ води кон европски вредности и стандарди, посилна демократска стабилност и правна сигурност, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии.

Владеачката партија посочува и дека огромно мнозинство на граѓаните, над 70 отсто е за ЕУ.

-Од друга страна ДПМНЕ со своите неразумни постапки сака сето ова да го блокира. ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место, стои во партиското соопштение, при што се нагласува дека блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени.