ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО!

октомври 13, 2023

Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата, соопшти УХМР.

На почетокот од следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник. В понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.

Минималната утринска температура ќе се спушти до два степена, максималната дневна за викендот ќе достигне до 29, а во наредните денови до 25 степени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ