strumica denes logo

Од играње игри до богатство: Македонци земаат и до 20.000 евра месечно!

Автор:

Датум:

мај 22, 2025

Автор:

Датум:

мај 22, 2025

Играњето игри се претвори во голема индустрија која прави милијарди долари, а гејмингот стана професија на голем број млади луѓе. Гејминг индустријата не ја движат само младите кои седат дома и играат на нивните комјутери, туку и компаниите кои развиваат видеоигри, е-спортовите, „клауд“ гејмингот и онлајн натпреварите.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

– Во Македонија има само 10 до 15 професионални играчи кои се на плата, бидејќи има голема конкуренција на светско ниво. Иако од 2021 година се водиме како спорт само еднаш досега имаме добиено финансиска поддршка од државата. Македонија во гејмингот беше многу повисоко рангирана отколку што е сега кога освои две златни медали во 2021 година во Израел и во 2022 година во Индонезија, вели Тотовски.

Инаку најзастапена старосна група е од 15 до 25 години, а најиграни игри се Counter Strike, Dota 4, Valorant и League of Legends.

Оние кои се занимаваат со гејминг велат дека за почеток не е важна толку добра опрема, можете да почнете со минимална опрема како компјутер, телефон, лаптоп или таблет. Некои од игрите се плаќаат и потребно е некоја минимална инвестиција во игри. Во секој случај важно е да се каже дека играњето игри станува професија како и сите останати, ако сте добри ќе заработувате, ако не нема.

Светот на гејмингот постојано еволуира, а со тоа доаѓаат и нови гејмери. Гејминг индустријата стана кариерен избор на голем број млади, но има и возрасни на кои играњето игри им е професија. Некои кои играле игри уште од деца го избираат гејмингот како професија најмногу поради возбудата да работат на нешто за што имаат страст, но истовремено да работат во голема индустрија со многу можности.

Луѓето од оваа индустрија сметаат дека популарноста на гејмингот ќе продолжи да расте, а во оваа индустрија во наредните десет години ќе се вклучат уште стотици милиони нови корисници.