strumica denes logo

ОД ДНОТО ДО ВРВОТ: Општина Василево меѓу најтранспарентните општини во Македонија!

Автор:

Датум:

јули 23, 2025

Автор:

Датум:

јули 23, 2025

Општина Василево се најде меѓу општините со највисок степен на буџетска и даночна транспарентност за периодот 2024/2025, според најновите анализи и извештаи на релевантните институции. Овој резултат претставува потврда за одговорното и отчетно управување со јавните финансии и континуираниот напредок во изминатите неколку години.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Градоначалникот Славе Андонов истакна дека чувствува гордост што општината, која до неодамна беше ниско рангирана по овие критериуми, денес се вбројува меѓу најдобрите во државата. Според него, транспарентноста не е само обврска, туку и залог за доверба меѓу институциите и граѓаните.

„Гордост е кога сте успеале од најниско рангирање, за неколку години да бидете меѓу најдобрите!“, порачува Андонов, потенцирајќи дека Општина Василево и понатаму ќе остане посветена на отчетно и транспарентно работење.

  • Banner