strumica denes logo

ОД ДЕНЕСКА ВО ФУНКЦИЈА: Внимателно по улиците на Скопје, Тетово и Куманово, „Сејф сити“ ве снима!

Автор:

Датум:

декември 1, 2025

Автор:

Датум:

декември 1, 2025

Од денеска камерите поставени на улиците во Скопје, Тетово и Куманово ќе снимаат сообраќајни прекршоци. Полицијата преку проектот „Сејф сити“ овој месец само ќе регистира прекршување на безбедносните правила, а од 1 јануари, следната година и ќе казнува.

Како што објаснија од МВР овој месец ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како што се возење со брзина поголема од дозволената, минување на црвено светло, погрешно престројување, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила. Во следната фаза од проектот планирано е проширување на видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем.

Од МВР укажуваат дека искуствата од други земји покажуваат оти кога се ставиле во функција камерите, во рок од 6 месеци драстично опаднал бројот на сообраќајни прекршоци откако граѓаните се увериле дека државата сериозно казнува.

Во Македонија во последните неколку месеци особено се зголеми бројот на несреќи по градските улици. Многу пешаци и велосипедисти настрадаа. Јавноста се надева дека преку овој проект ќе се зголеми сообраќајната култура и безбедноста на учесниците во сообраќајот.

  • Banner