Од денес минималната плата над 20,000 денари!

март 13, 2023

Сметките на околу 80.000 работници кои земаат минимална плата ќе бидат повисоки за 2.175 денари. Минималецот од 18 се зголемува на над 20.000 денари. Согласно законските измени, како што растат трошоците за живот и просечната плата, така се зголемува и најниската . Ако сака бизнисот да опстои и да не остане без кадар, мора да ги зголеми платите, велат од Организацијата на работодавачи.

Ова усогласување од 2,175 денари е за да ја надомести изгубената куповна моќ кај граѓаните со порастот на трошоците на живот. Единствена негативна работа е што ќе имаме повисок износ на минималцеот од просечната плата од земјите во Унијата., однсно минималецот ќе биде 61% од просечната плата, што може да делува дестимулирачки врз останатите работници кои земаат блуску до минималната плата., изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Во време кога бизнисот се соочува со недостиг на работна сила, Димитров апелира сите плати да се зголемат, за да нема мала разлика меѓу примањата на вработените со повисоко образование.

Вака, само со растот на минималецот, останатите вработени на повисоките позиции нема да бидат стимулирани да работат.

За да не се дестимулираат оние со високо образование, кои земаат блиску до минималната плата, најдобро е сите плати да се зголемат за 2,175 денари, додава Димитров

Официјалните податоци покажуваат дека најниска минимална плата од 309 евра се исплаќа во Бугарија и Албанија. Највисока, над 2,000 евра во Луксембург. Нешто над или околу 1,500 евра изнесува минималецот во Холандија, Британија, Германија и Ирска.

Инаку од овој месец и сметките на 340 илјади пензионери ќе бидат повисоки за 6,8%. Согласно усогалсувањето кое се прави 2 пати годишно, најниската пензија од скоро 11,000 денари ќе биде зголемена за 750, додека највисоката од над 64 илјади – ќе изнесува 69.000 денари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: