strumica denes logo

ОД ДЕЦА, ЗА ДЕЦА: СЕДМОOДДЕЛЕНЦИ ОД „ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“ СО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА!

Автор:

Датум:

декември 24, 2025

Автор:

Датум:

декември 24, 2025

На 23 декември 2024 година (вторник), учениците од VII-в одделение при ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица, заедно со директорот на училиштето, организираа хуманитарна акција со цел да им помогнат на децата од ОУРЦ „Свети Климент Охридски“ – Ново Село.

Акцијата била реализирана со искрена желба да се подаде рака на оние на кои им е најпотребна, а учениците покажале високо ниво на посветеност и одговорност. Преку оваа иницијатива, седмоодделенците испратиле силна порака дека солидарноста, емпатијата и хуманоста се вредности кои се градат од најрана возраст и треба да останат водилка во животот.

Од училиштето упатија благодарност до сите кои се вклучија и ја поддржаа акцијата, истакнувајќи дека станува збор за вистински пример за „деца за деца“ и доказ дека добрината секогаш наоѓа пат.