ОД 8 ДО 12 СЕПТЕМВРИ ФЕСТИВАЛОТ НА КАМЕРЕН ТЕАТАР „РИСТО ШИШКОВ“ ВО СТРУМИЦА!

септември 5, 2019

Од 8 до 12 септември ќе се одржи 27-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој и годинава е финансиски поддржан од општина Струмица. За единствената награда за високо актерско остварување која што се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот, актерот Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе се натпреваруваат педесетина актери од театри од Хрватска, Бугарија, и Северна Македонија. За наградата ќе одлучува жири комисија предводена од минатогодишниот добитник на наградата, актерот Благоја Чоревски, а членови се професорот Коло Вандов од Бугарија и режисерот Драган Јаковлевиќ од Србија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: