Во „Службен весник“ е објавен Законот за безбедност во сообраќајот, кој влегува во сила на 26 септември, со кој се официјализира Сејф сити, но и казните за возачите на мотори, велосипеди и тротинети кои користат слушалки, смарт часовници или мобилен. Глобата ќе изнесува 50 евра. За истиот прекршок, но со 40 евра, ќе се казнуваат и пешаците.
„Пешакот е должен кога преминува преку коловозот и велосипедската патека или лента, да се движи и преминува внимателно, без притоа да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид на електронски уред, со кои би му се намалило вниманието додека го преминува коловозот и велосипедската патека или лента“, стои во Законот.























