Објавени повиците за помош од 1.200 и 1.800 денари за учениците во Македонија!

декември 19, 2023

Основните и средните училишта денеска ги објавија повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти, кои ќе траат до 26 декември.

Основците ќе добиваат по 1. 200, а средношколците по 1.800 денари месечно, а при тоа услов е родителите заедно да немаат поголеми месечни приходи од 50.000 денари.

Објавен е и повик за студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година. Отворен е до 24 декември.

Стекнување за финансиска поддршка за корисниците, е во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирање, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ