Објавена листата на најмоќните пасоши во светот, македонскиот на 36 место

декември 28, 2023

Интернет страницата Passport Index редовно објавува листа на најмоќните пасоши во светот, а според последниот список на прво место е пасошот на Обединети Арапски Емирати.

„Паспрот Индекс“ ги рангира пасошите на 96 земји ширум светот. Оние кои имаат пасош од ОАЕ можат да патуваат во 180 земји низ светот без виза.

Второто место, со можност за патување во 178 земји без виза, го делат пет земји – Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија.

Третото место без виза може да патува во една земја помалку – 177, а го делат пет земји и тоа Шведска, Финска, Луксембург, Австрија и Швајцарија.

Шест земји се на четвртото место – Данска, Белгија, Португалија, Полска, Ирска и Јужна Кореја, а оние кои ги поседуваат овие пасоши можат без виза да патуваат во 176 земји.

Петтото место го делат осум земји. Оние кои имаат пасош на Сингапур, Грција, Норвешка, Чешка, ОК, Унгарија, Јапонија или Нов Зеланд, можат да патуваат во 175 земји низ светот без виза.

На шестото место се три пасоши – словачки, американски и австралиски. Со нив може да се патува во 174 земји без виза.

Словенија го дели седмото место со четири други земји – Малта, Естонија, Литванија и Канада, а нивните граѓани можат да патуваат без виза во 173 земји.

Во топ 10 е и Хрватска, која го дели тоа место со Летонија, Исланд и Лихтенштајн. Со овие пасоши можат да се посетат 172 земји без виза.

Оние кои имаат бугарски, романски или кипарски пасош без виза можат да влезат во една земја помалку. Српскиот пасош е на 32 место, а со него без виза може да се патува во 137 земји.

Пасошот на Северна Македонија е на 36 место, заедно со Самоа и Тувалу, чии граѓани без виза можат да патуваат во 130 земји.

Црногорскиот пасош е на 37 место кое го дели со турскиот пасош, а со нив без виза може да се патува во 129 земји.

Пасошот на БиХ е на 44 место, а оние кои го поседуваат можат без виза да посетат 121 земја.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ