strumica denes logo

Објавен оглас за распределба на 37 социјални станови во Струмица!

Автор:

Датум:

февруари 19, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

февруари 19, 2020

Категории:

Струмица
????????????????????????????????????

Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределба на 37 станови за социјално ранливи категории на граѓани во Струмица.

Право на учество имаат следниве категории на граѓани:

Деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.

Корисници на правото на гарантирана минимална помош.

Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.

Лица со попреченост и семејства со лица со попреченост.

Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно “Стратегијата за ромите на Република Северна Македонија“)

Самохрани родители со малолетни деца.

На огласот може да се пријават само лица кои влегуваат во една од oвие категории, притоа треба да ги исполнуваат следниве услови:

Да бидат државјанин на Република Северна Македонија;

Да бидат со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан

Лицето кое се пријавува да не поседува стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Северна Македонија.

Потребната документација ќе може да се поднесува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица.

За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната документација согласно објавениот оглас.

Огласот трае до 15 април 2020 година, а документите треба да бидат во оригинал или копии заверени на нотар не постари од 6 месеци, освен документите кои се обележени од надлежен орган како трајни.

Социјалните станови ќе се распределуваат во транспарентна постапка преку електронска распределба согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп.

Повеќе информации за потребната документација може да се најде на веб страната на Министерството за транспорт и врски (http://mtc.gov.mk/vesti/Oglas–za-raspredeluvanje-na-37-sotsijalni-stanovi-vo-opshtina-Strumitsa-) или во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Струмица.