strumica denes logo

НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Владата предводена од премиерот Мицкоски го исполнува ветеното!

Автор:

Датум:

јули 22, 2025

Автор:

Датум:

јули 22, 2025

На денешната седница, Владата на Република Македонија донесе одлука за ново зголемување на пензиите, како дел од континуираната политика за грижа и поддршка на пензионерите.

Според одлуката, пензиите ќе се зголемат за:

✅ 1.000 денари во септември 2025 година (со исплата на 1 октомври);
✅ 1.000 денари во март 2026 година (со исплата на 1 април).

Со ова најново покачување, вкупното зголемување на пензиите во првата фаза од мандатот на оваа влада ќе изнесува 7.000 денари – продолжение на веќе реализираното покачување од 5.000 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека оваа мерка претставува дел од политиката на одговорност, правичност и грижа за граѓаните, со посебен акцент на највозрасната категорија.

„Пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка. Нема да застанеме тука“, порача Мицкоски, потенцирајќи дека Владата останува доследна на ветувањата и посветено ќе продолжи со реализација на мерките за подобрување на животниот стандард.