strumica denes logo

НОВО ВО СТРУМИЦА: Hi Com ја отвори својата прва продавница во Струмица – Брендовите Mi Xiaomi, TCL и Amazfit, со Hi Store сега поблиску до купувачите во Југоисточна Македонија!

Автор:

Датум:

март 17, 2021

Категории:

Реклама, Струмица

Автор:

Датум:

март 17, 2021

Категории:

Реклама, Струмица

Светски познатите и инвентивни технолошки брендови Mi Xiaomi, TCL, Amazfit, OnePlus и Dyson сега се поблиску до купувачите во Југоисточна Македонија. Овластениот застапник на брендовите за Македонија Hi Com ја отвора својата прва продавница во Струмица.

„Hi Com е компанија која будно ги следи најновите технолошки трендови и во континуитет во земјава носи инвентивни брендови кои денес се потреба за секое модерно домаќинство. Од познатиот кинески бренд Xiaomi производител на врвни мобилни уреди, преку својата линија Xiaomi Home, па се до францускиот бренд за домаќински апарати Dyson, во нашите продавници може да пронајдете технологија за сè она што денес се подразбира како Smart Home“, велат од Hi Com.

Преку достапните цени, гаранцијата на производите, овластеното сервисирање и високото ниво на грижа за корисниците, компанијата постојано се стреми да го унапредува корисничкото искуство на своите купувачи.

Продавницата во Струмица е дел од стратегијата за приближување на компанијата до потрошувачите во Македонија. Покрај новиот салон во Струмица, во земјава функционираат и официјалната продавница на Xiaomi во ГТЦ Скопје, Hi Store салонот во Тетово, а наскоро отвораат продавница и во Охрид. Паралелно со нивниот корпоративен веб-сајт www.hi.mk функционира и веб – шопот со дистрибуција до цела Македонија www.hi-store.mk, на кој можете да го разгледате широкиот избор на технолошки брендови кои ги застапуваат.

WEB СТРАНИЦИ:

https://hi.mk/ и  https://hi-store.mk/