НОВО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО СТРУМИЦА – СЛЕДНОТО Е ВО ТУРСКОТО МААЛО, А НАРЕДНАТА ГОДИНА ВО БАНСКО!

октомври 7, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Со среќа нека ни е уште еден завршен проект во интерес на граѓаните.

Од денеска во употреба е новото мултифункционално спортско игралиште со комплетно партерно уредување во Втората урбана заедница, кај училиштето „Никола Вапцаров“.

Игралиштето е општинска инвестиција од близу 12 милиони денари и четврто такво досега направено во градот. Следното е во Турското маало, а наредната година продолжуваме во Банско.

Ги исполнуваме барањата на граѓаните, ги зголемуваме можностите и го промовираме здравиот начин на живот на струмичани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ