Во текот на 2024 година, 17,4% од жителите на ЕУ биле оценети како субјективно сиромашни, што претставува напредок во споредба со 19,1% забележани во 2023 година, соопшти Евростат.
Во рамките на државите на ЕУ, Грција бележи најголем процент на лица кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), потоа следат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%).
Од друга страна, најмали проценти се евидентирани во Холандија и Германија (и двете 7,3%) и Луксембург (8,5%).
Анализирајќи според возрасни групи, степенот на субјективна сиромаштија бил највисок кај младите лица под 18 години, со 20,6%.
Кај популацијата на возраст од 18 до 64 години, тој изнесува 17,3%, додека кај повозрасните лица над 65 години е 14,9%. Последните податоци на Евростат за балканските земји кои се кандидати за членство во ЕУ, се од 2023 година.
За сиромашни во Албанија се сметале 54,2 отсто од граѓаните, во Црна Гора 50,0, во Македонија 48,4 и во Србија 41,8 проценти.























