Од 1 јануари 2026 година во Германија се очекуваат повеќе промени што директно ќе влијаат врз буџетот на граѓаните кои живеат и работат таму – од минималната плата и „миниџоб“ лимитите, до детскиот додаток, трошоците за превоз и дел од даночните олеснувања.
Клучни промени од 01.01.2026
Минимална саатница: законската минимална плата треба да порасне од 12,82 € на 13,90 € бруто.
Minijob: со растот на минималната плата, максималната месечна граница за миниџоб се зголемува од 556 € на 603 €.
Kindergeld (детски додаток): детскиот додаток се зголемува од 255 € на 259 € месечно по дете.
Pendlerpauschale (патни трошоци): планирано е даночното признавање на трошоци за патување до работа да биде 0,38 € по километар од првиот километар (наместо повисоката стапка да важи дури од 21-ви км).
Deutschlandticket: месечната цена се зголемува од 58 € на 63 €.
Струја: предвидени се мерки за намалување на трошоците за електрична енергија, вклучително и субвенционирање/намалување на дел од мрежните тарифи од 2026 година.
Гастрономија: се најавува трајно намалување на ДДВ за храна во ресторани на 7% (од 19%), со примена од 1 јануари 2026 (пијалаците вообичаено не се опфатени со намалената стапка).
Во делот на даночните измени (како патните трошоци и ДДВ за гастрономија), германскиот Бундестаг го поддржа пакетот, но за целосно стапување во сила потребна е и процедурална потврда од Бундесратот.
























