Малиот и пристапен електричен автомобил „Wuling Hongguang Mini EV“ го зазеде првото место по продажба во февруари, со продадени 31.222 примероци. Ова урбано возило, создадено во партнерство меѓу General Motors, SAIC и Wuling, се издвојува по својата практичност, компактни димензии и ниска цена од само 5.900 евра.
Со должина од 307 см, овој минијатурен автомобил може да прими четири патници, а неговиот електромотор од 20 КС му овозможува брзина од 90 km/h. Батеријата од 17 kWh му нуди досег од 215 километри, што го прави идеален избор за градска мобилност.
Моделот неодамна доби целосно обновување, а успехот на пазарот го докажува неговата доминација пред конкурентите како што се „BYD Seagull“ (28.223 продадени примероци) и „Geely Geome Xingyuan“ (24.831 примерок). Популарноста на „Wuling Mini EV“ покажува дека електричната мобилност станува сè подостапна за пошироката јавност.