Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:
Почитувани сограѓани,
📣Со голема среќа и радост со вас ја споделувам веста дека се роди првото бебе во 2021 година во нашата Општина.
🤱Ноќеска, во два часот по полноќ, Македонка Јанкулова од Струмица, на свет донесе здраво машко дете тешко 3.850 грама.
👶На мајката и посакувам да и е живо и здраво синчето, а на новороденчето, среќно и безгрижно детство и убава иднина во родната Струмица.
🎁Поради пандемијата од Ковид – 19 и почитувањето на здравствените протоколи и мерките за заштита, нема да ги посетам и лично да им честитам и посакам се најубаво во Новата година, но традиционалниот подарок од Општина Струмица, меѓу кој и штедна книшка со 20 илјади денари, е веќе испратен и предаден на мајката.
👩👦Да имаат многу здравје, среќа, спокоен и долг живот.
👨👩👧👦Општина Струмица и оваа година ќе продолжи со финансиската поддршка за секое бебе родено во струмичката болница од мајка со постојано живеалиште на територијата на Општина Струмица.
#СтрумицаГрижливГрад