Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најави значаен инфраструктурен проект кој ќе ја подобри сообраќајната поврзаност и ќе го поттикне економскиот развој во Југоисточниот регион.
Како што истакна Николоски, во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, ќе започне постапка за изградба на експресен пат Радовиш – Струмица.
„Изградбата на овој експресен пат ќе биде од клучно значење за побрз транспорт, подобра безбедност во сообраќајот и поголема поврзаност меѓу општините во регионот. Ова е проект кој директно ќе влијае врз подобрување на квалитетот на живот и ќе создаде нови можности за развој“, порача Николоски.
Со реализацијата на овој проект, Струмица и Радовиш ќе добијат современа патна инфраструктура која ќе овозможи побрз проток на стоки, услуги и патници, а целиот регион ќе стане поатрактивен за инвеститори и туристи.